Министерството за информатичко општество и администрација согласно Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги (ЗЕДЕИДУ) ги врши следниве задачи:
– води Регистар на даватели на доверливи услуги и на шеми за електронска идентификација согласно со член 25, став 1 алинеја 1) ;
– врши упис и бришење на даватели на доверливи услуги и издавачи на шеми за електронска идентификација во Регистарот на даватели на доверливи услуги и на шеми за електронска идентификација согласно член 14;
– објавува на својата веб страница во електронска форма која е погодна за автоматска обработка, листа на даватели на квалификувани доверливи услуги, како и листа на квалификувани доверливи услуги кои тие ги обезбедуваат, согласно член 35 став 1);
– води листа на акредитирани тела за оценување на сообразност и лаборатории во Република Северна Македонија согласно член 37;
– води листа на средства за создавање на квалификуван електронски потпис или квалификуван електронски печат согласно член 45, став 8;
– соработува со органите за супервизија на Европската комисија согласно член 25, став 1 алинеја 1).
Регистар на даватели на доверливи услуги и шеми на електронска идентификација
Листа на средства за создавање на квалификуван електронски потпис или квалификуван електронски печат