Министерството за информатичко општество и администрација согласно со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги (ЗЕДЕИДУ) ги врши следниве задачи:
- води Регистар на даватели на доверливи услуги и на шеми за електронска идентификација (Регистарот) согласно со член 25, став 1 алинеја 1) ;
- врши упис и бришење на даватели на доверливи услуги во Регистарот согласно член 14;
- Објавува листа на даватели на квалификувани доверливи услуги, како и листа на квалификувани доверливи услуги кои тие ги обезбедуваат на својата веб страница, во електронска форма која е погодна за автоматска обработка согласно член 35 став 1);
- Води листа на акредитирани тела за оценување на сообразност и лаборатории во Република Северна Македонија согласно член 37;
- Соработува со органите за супервизија на Европската комисија согласно член 25, став 1 алинеја 1).