SchemeInformationURI

Во согласност со спецификациите од TS 119 612  клаузулата 5.3.7, ‘соодветните информации за шемата’  содржат најмалку:
(а) Воведни информации во однос на обемот и контекстот на листата на даватели на квалификувани доверливи услуги и на квалификувани доверливи услуги, основната шема за надзор и шемата за регистрација на шемите. Текстот што се користи е следниот:
‘Оваа листа е листа на даватели на квалификувани доверливи услуги и на квалификувани доверливи услуги на Република Северна Македонија која ги содржи и информациите кои се однесуваат на давателите на квалификувани доверливи услуги врз кои врши надзор Министерството за информатичко општество и администрација, заедно со информациите за квалификуваните доверливи услуги кои тие ги обезбедуваат, во согласност со соодветните одредби пропишани со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.’.
Листата на даватели на квалификувани доверливи услуги и на квалификувани доверливи услуги е основен елемент за градење доверба кај операторите на електронскиот пазар овозможувајќи им на корисниците да го утврдат квалификуваниот статус и историјата на статусот на давателите на квалификувани доверливи услуги и нивните услуги.
Листата ги содржи најмалку информациите наведени во членовите 2 и 5 од Правилникот за формата и начинот на објавување на листата на даватели на квалификувани доверливи услуги и листа на квалификувани доверливи услуги.
Во листата може да се запишат давателите на доверливи услуги кои не се квалификувани, како и информации за неквалификуваните доверливи услуги кои тие ги обезбедуваат. Тие треба да се јасно наведени дека не се квалификувани според Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.
Во листата може да се запишат информации за други видови доверливи услуги определени со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги и тие треба да се јасно наведени дека не се квалификувани според Регулативата (ЕУ) бр. 910/2014.

(б) Специфични информации за основната шема за надзор и шемата за регистрација на шемите, особено:
(1) Информации за системот за надзор применлив за даватели на квалификувани и за неквалификувани доверливи услуги, како и за квалификувани и за неквалификувани доверливи услуги, како што е определено со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги;
(2) Информации за шемата за доброволна акредитација применливи за сертификација на даватели на услуги кои издале квалификувани сертификати според Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис;

Оваа специфична информација за секоја основна шема наведена погоре вклучува најмалку:
(1) Општ опис;
(2) Информации за процесот на следење на надзорот и информации за регистрација.
(3) Информации за критериумите врз основа на кои се спроведува надзорот над давателите на доверливи услуги.
(4) Информации за критериумите и правилата што се користат за избор на супервизори или ревизори и дефинирање на начинот на кои тие вршат оценување на сообразност на давателите на доверливи услуги и доверливите услуги кои тие ги обезбедуваат.
(5) Кога е применливо, други контактни и општи информации што се однесуваат на спроведувањето на шемата.